Изложби Тековни Следни Минати
EN

Скулптурално

08. 10. 2016

Паралелно со проектот Кале културна тврдина, Музејот на современата уметност со проектот Скулптурално започна со развивањето на уште еден долгорочен проект посветен на скопското брдо Кале. Скулптурално e проект кој опфаќа осум скулпторски и site-specific инсталации во паркот и пошироката околина на Музејот. Како што упатува насловот, изложбата поаѓа од скулпторскиот медиум и истражувањето на неговите можности во интеракцијата и во обликувањето на отворениот јавен простор. Проектот е во извесна смисла потсетување на успешните и популарни Интервенции во простор кои во неколку наврати беа организирани во МСУ во средината на 1980-те години под водство на Симон Шемов и Кочо Фидановски. Целта на Скулптурално е да го иницира користењето и во иднина како редовна манифестација или во вид на поединечни проекти музејскиот парк и поширокиот простор на слободните зелени пространства на брдото Кале за ефемерни скулпторски, архитектонски или мултимедијални проекти кои ќе го осмислуваат и популаризираат овој извонреден простор во строгиот центар на градот.
Во проектот се застапени делата на Петар Хаџи Бошков; Симон Шемов; Јован Шумковски; Нада Прља, арх. Даниел Серафимовски; арх. Дејан Ивановски; Игор Тошевски и парот ОПА, односно Денис Сарагиновски и Слободанка Стевчевска.

Куратор: Зоран Петровски

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Ахмет Огут: СКОКНИ

26/05/ 2022 - 21/09/ 2022

Лазо Плавевски: На тенок мраз

Дарко Алексовски: Пејзажи на восхитот

08/04/2022 - 26/05/2022

Аквизиции - донации 2017-2021

02/04/2022 - 15/05/2022