Изложби Тековни Следни Минати
EN

Дел Лагрејс Волкано, CORPUS QUEER: тела на отпор 1980-2018

07/06/ 2018 - 10/09/ 2018

Дел Лагрејс Волкено е фотографски визуелен уметник чии дела настојуваат да ги нарушат и проблематизираат општествено-културните бинарности преку висцералното задоволство и политичката провокација како примарни стратегии на отпор. Волкено е роден/а како интерсексуална личност, но со женскиот пол назначен од раѓање, во кој е и одгледан/а, по што првите 37 години од својот живот ги поминува како жена. Живее како не-бинарна и отворено интерсексуална личност од 1995 година. По завршување на студиите на Институтот за уметност во Сан Франциско од 1979-81 година се здобива со магистерска титула по Фотографски студии на Универзитетот во Дерби, Велика Британија во 1992 година. Има создадено пет фотографски монографии, од LoveBites во 1991 г. до The Drag King Book во 1999 г. со Џек Халберстам, до Femmes of Power: Exploding Queer Femininities во 2008 со Улрика Дал.

Волкено е водечки квир културен творец, а во моментов работи на теми поврзани со интерсекс видливоста, родот како систем на повинување, критички поглед кон нормите при воспитување на деца и како да се создаде заедница во услови на културни поделби.

„Меѓународниот фотограф, Дел Лагрејс Волкено, ги преточува родовата варијација, сексуалната поврзаност и телесните мутации во постојан предмет на обработка подолго од триесет години. Фотографиите на Волкено ја сценираа конструираноста на родот и богатиот диверзитет на телесните морфологии, достапни за тие што навистина сакаат да ги побараат, на начин кој длабоко одекна во – односно кој им претходел, влијаел и придонел за суштинско здружување на – новите лезбиски, квир, транс и интерсекс теории. Како фотограф и мислител, Волкено покажува исклучителен интерес родот/полот да се прикаже како крајно перформативен, но и интимно отелотворен …… Во родовото патување на Волкено, родот е повеќе трансмогрифициран отколку што е трансформиран, како што претходно имам кажано, поточно постојано метаморфизиран, неговата необичност одново одгатнувана. Повеќе од кој било уметник, во своите уметнички дела Волкено ги претставува квир, транс и интерсекс луѓето како субјекти наместо предмети, бидејќи ги создава сликите преку погледите на идентификација, припадност и желба, размените меѓу оној што позира и фотографот. Волкено свесно ѝ пристапува на фотографијата како еден вид на огледало – цврста пластична површина која служи за идентификување и љубов.“ – Д-р Џеј Прозер, 2016

„Како родово различен визуелен уметник ги проучувам „технологиите на родот“ со цел да ги истакнам а не да ги избришам хермафродитските траги на моето тело. Се именувам себеси. Намерна мутација и дизајнирана интерсексуалност. Верувам дека границите треба да се пречекоруваат се дури не се изгради мост по кој сите ќе може да поминеме“.  – Дел Лагрејс Волкено

Изложбата е дел од Викендот на гордоста Скопје 2018 – НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО, во организација на Коалиција Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка. Поддржано од  Heinrich-Böll-Stiftung, ФООМ, Министерство за култура, Европската унија и Музејот на современата уметност Скопје.

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Континуитети: француски уметници во збирките на МСУ Скопје

07/12/ 2023 - 22/02/ 2024

Пејзаж на вознемиреност: 11 критични жешки точки во Р.С. Македонија

04/10/ 2023 - 09/10/ 2023

БИСТА – Биенале на студентите по архитектура 2023

20/09/ 2023 - 28/09/ 2023

Ѓорѓе Јовановиќ: Горчлив шеќер

19/09/ 2023 – 16/02/ 2024