EN

„Скокни“, изложба на Ахмет Огут

 

 

Печатени маици со мотиви од дела од музејската колекција.

 

Цена 944,00

 

На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски е комплетна збирка на текстови, колумни и интервјуа кои архитектот Живко Поповски ги напишал и објавил во текот на својот живот, надополнета со авторски цртежи и два воведни текста од приредувачките.

Приредувачи: Анета Христова – Поповска, Мери Батакоја

 

Издавач: Private Print

Година: 2017
Димензии: 21×14,8 см
Страници: 271
Јазик: македонски

 

Цена: 490,00 МКД

Каталог од изложба: Музејот на современата уметност е лоциран на простор кој е органски дел на градската целина во која со години живее ромската заедница, која често е предмет на политичко и општествено исклучување, мисинтерпретации, шпекулации и предрасуди. Целта на изложбата е да ја прошири политичката имагинација вон стереотипната претстава за истата и преку споделено знаење од меѓународно познати и домашни уметници кои се дел од истата, да артикулира поинакви начини на себепретставување, да ги централизира и направи видливи нашироко игнорираните и недостапни маргинализираните наративи за Ромите. Куратори на изложбата се Мустафа Асан, Мо Диенер, Мира Гаќина и Јованка Попова. Уметници: Дилејн Ле Бас (Англија), Ахмет Кадри (Северна Македонија), Сеад Казанџиу (Албанија), Лубош Котлар и Роберт Габрис (Словачка), Рома Џем Сешн Уметнички Колектив – Мустафа Асан, Мо Динер, Милена Петровиќ (Северна Македонија/ Швајцарија/Србија), Нихад Нино Пушија (Босна и Херцеговина/Германија), Андре Јено Рацш (Германија), Емилија Ригова (Словачка), Цеија Стојка (Австрија), Ден Тарнер (Англија), Малгорзжата Мирга-Тас (Полска),  Дурмиш Ќазим (Северна Македонија).

Издавач:

Музеј на современата уметност Скопје, 2022

Автори:

Мира Гаќина, Јованка Попова

Текст:

Мира Гаќина, Јованка Попова

Графички дизајн и уредување:

Неда Фирфова, Илиана Петрушевска, Албана Бектеш

Јазик:

Македонски со англиски превод

Корица и димензии:

мек повез, 23,5 х 16,5

Страници:

112

ISBN 978-608-264-023-5

 

Цена: 250МКД

 

Кратка историја на курирањето е збирка од 11 интервјуа направени од славниот швајцарски куратор Ханс Улрих Обрист со пионерите на кураторската практика. Во нив, преку сеќавањата на овие пионери-куратори за својата практика, изложбите на кои работеле и кои биле битни за нив, институциите од кои биле дел, како и преку продлабочени осврти, се документира и запишува усната историја на курирањето.

Ова издание е прв превод кој го објавува PrivatePrint и, истовремено, прв превод на дело на Ханс Улрих Обрист на македонски јазик. Превод од англиски на македонски јазик: Невенка Николиќ

Издавач: PrivatePrint

Година: 2019
Димензии: 18х12.5 см
Страници: 248
Јазик: македонски

 

Цена: 350 МКД

Монографија по повод ретроспективна изложба

Издавач:

Музеј на современата уметност, Скопје 2003

Автор:

Зоран Петровски

Текстови:

Зоран Петровски, Соња Абаџиева, Бојан Иванов

Ликовно уредување:

Стефан Георгиевски, Зоран Петровски, Душан Перчинков

Фотографија:

Јордан Чешмеџиски

Јазик:

Македонски, англиски превод

Корица и димензии:

мек повез, 28 х 23

Број на страни:

150

ISBN 9989-703-57-4

 

Цена: 80о МКД