17/01/ 2017 - 24/03/ 2017
Односот помеѓу „јавното“ и „приватното“, меѓу „катафатичкиот“ и „апофатичкиот“ простор е утробата на „Ничија Земја“. Неговиот примарен фокус е структуралната перихореза, корелацијата и контрапунктирањето на искривените но алузивни „иконични“ урбани монументи и авторските созданија составени од субјективни реалности, фрагментрираност и дематеријализирани микро локации, географии и мулитикултурни истражувања на формата и волуменот. Суптилната игра на интерархитектуралните еха и алузии нèнамамуваат да ги дијагностицираме невротичностите на нашата култура преку архитектонски криптограми на фантазмогоричниот „отворен град“ создаден од есхатолошкиот архитектонски извик/загатка за можноста на liberté, égalité,fraternitéin toto.
Набљудувачот, влегувајќи во тунелот низ илуминираната „мала врата“ е конфронтиран со слики и симболи на големите човечки очекувања; град кој е “препознатливо непрепознатлив“, ефемерен како „сон за еден град“, застрашувачките илузии за „земја без граници“ кој праќа повик за претопување во ничиј пејзаж.
На оваа крстосница, невротските опсесии со поседување и акумулирање се соочуват со старата добра уметност на сонувањето. Колкав квантум храброст е потребен за да се погледнеме во ова архитектонско огледало? Која е дозата на волјева моќ потребна за некој на себе да ја земе дислоцираната и ослободувачка диспозиција на глобален номад/мигрант или на горд граѓанин на земјата која е сечија и ничија? Колку е всушност „наше“ она што го поседуваме?
Проектот од себеиспитување не го поштедува ниту артитектот и мене самиот како еден од неговите автори. Дали под поимот „архитект“ се подразбира општествено изолирана фигура инсулирана во квалитетот и естетиката на живеењето или станува збор за сожител кој има јавна и приватна одговорност која налага отворање на посуштествени општествени прашања притоа нудејќи визии за нивна можна разрешница?’
автори:
Стојан Павлески, Иван Симеонов, Љупчо Тасевски, Ѓорѓи Радовановиќ
соработници:
Натали Р. Павлеска, Влатко Чавкоски, Ристо Кокалановски
комесар:
Иванка Апостолова
куратор:
Стојан Павлески
Континуитети: француски уметници во збирките на МСУ Скопје
07/12/ 2023 - 22/02/ 2024
Иднината како проект: Доксијадис во Скопје
21/09/ 2023 - 23/04 2024
Сè што ни е заедничко
20/10/ 2023 - 12/05/ 2024
Пејзаж на вознемиреност: 11 критични жешки точки во Р.С. Македонија
04/10/ 2023 - 09/10/ 2023