Втора уметничка лабораторија

Продолжуваме понатаму. НУ Музеј на современата уметност – Скопје и Колектив Ветерница повторно ги здружуваат енергијата и љубовта кон уметноста во „Уметничка лабораторија“ креативно-истражувачкиот проект од отворен карактер, што ќе се случува секоја втора сабота во НУ МСУ и е наменет за деца над 5 години.

Втората УМЕТНИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА е закажана за во сабота, 11.03.2017 со почеток во 12 часот.

Во „лабораторијата“ ,заедно со децата, ќе експериментираме со различни техники на визуелни и перформативни уметности, создавајќи простор за индивидуален израз и интерпретација во рамки на колективна солидарност и заедничко творење.

Целта на оваа уметничка лабораторија и низ игра да го истражуваме телото на Музејот на Современата уметност и да си играме со уметноста како алатка од секојдневниот живот која ни е неопходна за да го ослободиме змејот на детската имагинацијата.

А постои ли помагично место за летање змејовите од МСУ?

Дојдете да истражуваме низ слободна игра.

Големите откритија на работилниците кои ќе се случуваат од Февруари до Јуни ќе ги презентираме на отворена изложба која ќе ги прераскаже сите наши доживувања на едно место.

Одделот за едукација, продолжува да ја остварува својата благородна мисија – уметноста да им ја доближи на младите започнувајќи од најмала возраст и да учествува во нивното секојдневно спознавање на овој свет. Колектив Ветерница активно ја негува перформативната уметност како основна алатка за раст и развој на деца и млади.

Пријавување и информации на тел. 078 231 030 или на мејл veternicainfo@gmail.com.

Музеј на современа уметност

Елегантно вклопен во планот на централно Скопје во рамки на тврдината Кале – Музејот ќе доминира над градската панорама како средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963.

Learn more