Основоположници на македонската современа уметност

(Илустрирано преку примери од колекцијата на НУ МСУ, Скопје)

Намерата на оваа изложба е преку делата од колекцијата на МСУ повторно да се навратиме кон творештвата на оние ликовни уметници кои вообичаено се определуваат со синтагмата „основоположници на македонската современа уметност“ (Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, ДимоТодоровки, Томо Владимирски, Вангел Коџоман и Љубомир Белогаски). Сметаме дека нивната присутност, односно присуството на нивните дела во нашето културно опкружување треба да биде константно за да можеме како културна средина, а особено помладите генерации, да имамe појасна претстава за достигнатите вредносни модели што биле создадени и што, како однос кон светот и уметноста, мораат да бидат продолжени. Можеби овие вредности, што во овој момент нам ни се значајни како однос, како сериозност во пристапот кон уметничкиот чин и сè она што овој чин подразбира во поширок контекст, сега ни се најпотребни да ги имаме во хоризонтот на нашите настојувања.

Марика Бочварова Плавевска

Музеј на современа уметност

Елегантно вклопен во планот на централно Скопје во рамки на тврдината Кале – Музејот ќе доминира над градската панорама како средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963.

Learn more