EN

Петта уметничка лабораторија

На 5-тата уметничка лабораторија во соработка со НУ Музејот на современата уметност ќе експериментираме со уметност од рециклирани материјали. Затоа деновиве соберете се што ви се чини дека може да се претвори во нешто друго, како на пример опаковката од млекото можеби ќе стане некој робот, или старите копчиња ќе станат нечии очи. Рециклираната уметност е како алхемија, а состојките за формулата зависат на нашата имагинација, дојдете заедно да експериментираме со нови форми на убавина и да откриеме како празното станува полно, а грдото убаво.

Цената изнесува 300 денари со вклучена ужинка и материјали за работа, а ПРИЈАВУВАЊЕТО е со порака во инбокс, на мејл veternicainfo@gmail.com или на тел. 078 231 030.Одделот за едукација, продолжува да ја остварува својата благородна мисија – уметноста да им ја доближи на младите започнувајќи од најмала возраст и да учествува во нивното секојдневно спознавање на овој свет. Колектив Ветерница веќе 4 години активно ја негува перформативната уметност како основна алатка за раст и развој на деца и млади.

МИНАТИ ЕВЕНТИ

Предавање на Аманда Боеткис

Понеделник 29/08/ 2022 во 19.00

Кино МСУ – Планински филм на ридот

Уметникот се претставува: Дарко Алексовски

13. 04. 2022

Предавање на Владимир Јанковиќ - Синтетички неба

11/04/ 2022