Настани Филм: “Жената лубеница“
EN

Филм: “Жената лубеница“

09/06/ 2018

Петок, 09. јуни во 13ч во кино-салата на МСУ

Филмот е дел од програмата на Pride Week и ќе се прикажува за време на изложбата Дел Лагрејс Волкано: Corpus Queer (07. 06 – 10. 09. 2018)

Режија: Cheryl Dunye

Со: Cheryl Dunye (Cheryl), Valarie Walker (Tamara), Guinevere Turner (Diana) и Lisa Marie Bronson (Fae Richards/The Watermelon Woman).

 

Шерил е црна лезбејка во нејзините дваести, која работи во видеотека, додека се труди да направи филм за непозната црна актерка од 1930-тите, позната само како “Жена лубеница”. Истражувајќи открива дека “жената лубеница” е Фае Ричардс. Фае била пејачка во ноќен клуб во Филаделфија и некогашна љубовница на Марта Пејџ, бела режисерка лезбејка кој всушност ја има и откриено. Истовремено, Шерил се вљубува во симпатична бела клиентка на видеотеката.

“Жена лубеница”, обележана од историчарите на филмот и квир теоретичарите како еден од првите New Queer Cinema филмови, ја отсликува комплексноста на расата и полот и сите последователни социјални идентитети, конструирајќи различна верзија на класичен Холивуд, на неверојатно свеж, стимулирачки и забавен начин. Отворената Cheryl Dunye гради лажен синема верите (cinéma vérité) филм како полу-автобиографска приказна за една од верзиите на сопствената личност.

Филмот е добитник на наградата “Теди“ на Берлинале 1996

 

 

 

МИНАТИ НАСТАНИ

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00

Ретроспективна презентација на ^ПАТЕМByTheWay 2013 - 2023

Среда, 27. декември, 2023 во 20,00 ч.

Бојана Пишкур: НЕКОИ РАЗМИСЛИ ЗА ДЕКОЛОНИЗИРАЊЕ НА УМЕТНИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Среда, 20. декември 2023, во 19,30 ч.