Настани “Рефлексивен музеј“, предавање на Кејт Фоули
EN

“Рефлексивен музеј“, предавање на Кејт Фоули

Музеј на современата уметност, понеделник 30. 07. 2018 во 20ч.

 

Кејт Фоули, главната кураторка во Гараж Музејот на современа уметност во Москва и директор на Independent Curators International (ICI) во Њујорк ќе одржи предавање во Музејот на современата уметност, насловено „Рефлексивен музеј“.

Основан во 2008 година, Garage – Музејот за современа уметност во Москва е една од новите институции формирани на почетокот на новиот милениум во напливот на нови уметнички центри ширум светот. Како прв филантропски потфат во Русија, со намера да се конструира сеопфатен мандат за музеј на современа уметност, Гараж еволуираше првенствено преку реакција кон променливиот социјален, политички и културен контекст во Русија. Денес, кога се прославува 10-годишниот јубилеј од неговото постоење, вниманието се свртува кон иднината. Во барање на одговор на прашањето што е тоа што ја одредува современата култура и со тоа актуелноста на институцијата, предавањето на Фоули ќе се фокусира на бележењето на оние имагинарии кои ќе придонесат за унапредувањето на еден општествено и културно рефлексивен музеј, кој може критички да придонесе за општеството во 21 век?

Кејт Фoули (Kate Fowle) е водечка кураторка во Гараж – Музејот на современа уметност во Москва и директор на Independent Curators International (ICI) во Њујорк. Од 2009-13 година била извршен директор на ICI. Претходно била инаугуративен меѓународен куратор во Ullens Center for Contemporary Art во Пекинг (2007-08) и претседавач на магистерската програмата по кураторски практики, која во 2002 ја ко-основала на California College of the Arts во Сан Франциско. Пред да се пресели во САД, Фоули била ко-директорка на Smith + Fowle во Лондон. Од 1994 до 1996 година била кустос во Towner Art Gallery and Museum, во Истборн, Источен Сасекс.

МИНАТИ НАСТАНИ

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00

Ретроспективна презентација на ^ПАТЕМByTheWay 2013 - 2023

Среда, 27. декември, 2023 во 20,00 ч.

Бојана Пишкур: НЕКОИ РАЗМИСЛИ ЗА ДЕКОЛОНИЗИРАЊЕ НА УМЕТНИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Среда, 20. декември 2023, во 19,30 ч.