Настани Што е филм? Сафија Бенхаим
EN

Што е филм? Сафија Бенхаим

01/04/ 2019

01.04.2019

20.00 часот

Магична треска, Сафија Бенхаим

Франција, Мароко, 40’, 2014

Разговор: Сафија Бенхаим, Кристоф Постик, Кумјана Новакова

 

02. 04. 2019

12.00 часот

Предавање: Што е филм? / Сафија Бенхаим, модератори Кристоф Постик и Кумјана Новакова

 

02. 04. 2019

20.00 часот

Темна крв, Сафија Бенхаим

Франција, 38′, 2018

Разговор: Сафија Бенхаим, Кристоф Постик, Кумјана Новакова

 

За Сафија Бенхаим

Сафија Бенхаим е филмска авторка. Како ќерка на марокански политички бегалци во нејзините филмови, прикажувани на филмски фестивали и во современи уметнички кругови, го истражува прогонот како тема и недефинираната граница меѓу документаристиката и играниот филм со посебен интерес кон приказните за духови. Нејзиниот филм „Магична треска“ ја освои наградата „Tiger Shorts“ на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Ротердам.

 

Магична треска

Франција, Мароко, 40’, 2014

Во една грозничава ноќ, дете гледа дух – жена која доаѓа од морето, враќајќи се дома по долг политички прогон.

Тивки приказни, бестелесни гласови и визии се мешаат во темнината на ноќта заедно со треската. Детето и дисидентката сега се едно и патуваат заедно до една чудна зграда на изгубени сеќавања. Историјата на деколонизацијата и заборавените политички борби се појавуваат и исчезнуваат. Но, нова борба, арапската пролет во Мароко, го поплавува минатото.

 

Темна крв

Франција, 38′, 2018

Една ноќ, еден човек им кажува на своите деца чудна ловечка приказна: за исчезнувањето на неговиот пријател Џонатан, кој отишол сам во шумата следејќи елен со кој бил опседнат. Прогонуван од исчезнувањето, човекот се враќа на лов во далечните планини, на местото каде неговиот пријател исчезнал.

Во текот на ноќта човекот слуша елен како доаѓа во шумата и се среќава лице в лице со својот долгогодишен изчезнат пријател, Џонатан. Во мрачната шумата, Џонатан му раскажува за неговата потрага по невидливиот ѕвер.

 

Редовната програма на МСУ филм и видео /Што е филм?/ претставува серија на филмски проекции и разговори, со цел долгорочно програмирање, истражување и презентација на извонредни аудиовизуелни дела, кои ја дефинираат широката палета на филмската уметност во целиот нејзин современ спектар.

Кураторка на програмата Што е филм? е Кумјана Новакова.

МИНАТИ НАСТАНИ

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00

Ретроспективна презентација на ^ПАТЕМByTheWay 2013 - 2023

Среда, 27. декември, 2023 во 20,00 ч.

Бојана Пишкур: НЕКОИ РАЗМИСЛИ ЗА ДЕКОЛОНИЗИРАЊЕ НА УМЕТНИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Среда, 20. декември 2023, во 19,30 ч.