Настани Предавање на Владимир Јанковиќ
EN

Предавање на Владимир Јанковиќ

11/04/ 2022

Предавањето „За синтетичкото небо“ ги проучува кондезирачките линии на небото направени од авионите, кои предизвикуваат еколошка контроверзност и   внимание на јавноста. И покрај тоа што овие појави се објаснети како најголеми човечки артефакти со значително влијание врз животната средина и атмосферата на Земјата, тие не се стекнале со негативна конотација како што се другите еколошки девастирачки процеси, климатските промени, излевањето на  нафтата, растот на температурите и пожарите, како и токсичниот отпад. Предавањето ќе ги проследи овие артефициални траги на небото како естестки и еколошки показатели кои ни овозможуваат сознанија за влијанијата врз атмосферата и животната средина. Во оваа насока ќе се проследат бројни уметнички дела кои ги интерпретираат овие појави, тргнувајќи од нивното прозаично постоење, како предмет на уметничко и естетско вреднување, се до естетизацијата на насилството врз животната средина како процес во културата.

 

Владимир Јанковиќ е професор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Тој е ко-основач на Центарот за кризни студии на Универзитетот.  Застапен е со бројни публикации кои се однесуваат на историјата на атмосферските науки, урбаната климатологија и атмосферската естетика како што се следниве изданијата ‘Читајќи го Небото’ (2001) ‘Соочување со Климата’ (2010), исто така и ко-едитираните изданија ‘Интимни Универзалности’ (2009), Клима (2011) и Градски времиња (2012). Неговите истражувања се финансирани од реномирани институции и фондации како ‘UK Economic and Social Research Council’, ‘Arts and Humanities Research Council’ ‘Wellcome Trust, US National Science Foundation’ and ‘US Social Science Research Council’.   Владимир Јанковиќ е автор на телевизиската серија ‘Бури на Војната’ емитувана на Дискавери програмата.

 

 

Ансел Адамс, Шини и млазни траги, 1953 (Музеј на ликовните уметности, Бостон)

МИНАТИ НАСТАНИ

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Школа за пропаганда: АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА

Сабота, 2 март 2024, во 12:00 часот

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00