Јас сум Југословенка!: феминистичка изведувачка политика за време и по југословенскиот социјализам

Од денеска во Библиотеката на МСУ-Скопје ќе може да се најде примерок од книгата на професорката Јасмина Тумбас насловена “I am Jugoslovenka: Feminist Performance Politics During and After Yugoslav Socialism (Manchester University Press, 2022).

Книгата „Јас сум Југословенка!: феминистичка изведувачка политика за време и по југословенскиот социјализам“, беше промовирана во Музејот на современа уметност – Скопје во рамки на јубилејниот десетти по ред „Викенд на гордоста“.Јасмина Тумбас во нејзината книга издадена од Универзитетот во Манчестер во 2022, ја презентира појавата на „квир“ Југословенката, и визуелната историја на југословенското лезбијско и квир движење, како и истражувањата на жените на сопствената родова моќ во музиката, авангардните уметнички кругови и уметноста на перформанси. Тумбас ги истражува и влијанијата во современата визуелна култура и уметност, вклучително и појавата на трансродовиот отпор и квир животот во новооформените национални контексти.

Благодарност до авторката Јасмина Тумбас и организаторите на Фестивалот, Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, за ова значајно збогатување на Библиотеката на МСУ-Скопје