Врз основа на член 3, член 20-г став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор, член 22 од од Законот за работните односи, член 77-г став 1 од Законот за култура, како и Известувањето за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии на РСМ бр.18 -10170/3 од 14.12.2021 година, а согласно член 12 став 2 точка 17 од Статутот на Музејот, се објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 02/2021

I. НУ Музеј на современата уметност Скопје, има потреба од вработување на 4 (четри) лица, давател на услуги, на неопределено време, за следните работни места:

1. Шифра КУЛ 03 04 Д03 002, Кустос – 2 (двајца) извршители

2. Шифра КУЛ 03 04 Д03 003, Конзерватор – 1 (еден) извршител

3. Шифра КУЛ 03 04 Д03 001, Библиотекар – 1 (еден) извршител

© MoCA / МСУ