Скулптурално

08. 10. 2016

Паралелно со проектот Кале културна тврдина, Музејот на современата уметност со проектот Скулптурално започна со развивањето на уште еден долгорочен проект посветен на скопското брдо Кале. Скулптурално e проект кој опфаќа осум скулпторски и site-specific инсталации во паркот и пошироката околина на Музејот. Како што упатува насловот, изложбата поаѓа од скулпторскиот медиум и истражувањето на неговите можности во интеракцијата и во обликувањето на отворениот јавен простор. Проектот е во извесна смисла потсетување на успешните и популарни Интервенции во простор кои во неколку наврати беа организирани во МСУ во средината на 1980-те години под водство на Симон Шемов и Кочо Фидановски. Целта на Скулптурално е да го иницира користењето и во иднина како редовна манифестација или во вид на поединечни проекти музејскиот парк и поширокиот простор на слободните зелени пространства на брдото Кале за ефемерни скулпторски, архитектонски или мултимедијални проекти кои ќе го осмислуваат и популаризираат овој извонреден простор во строгиот центар на градот.
Во проектот се застапени делата на Петар Хаџи Бошков; Симон Шемов; Јован Шумковски; Нада Прља, арх. Даниел Серафимовски; арх. Дејан Ивановски; Игор Тошевски и парот ОПА, односно Денис Сарагиновски и Слободанка Стевчевска.

Куратор: Зоран Петровски

14572621_10210923380903342_813826673_o

Нада Прља, Розе соништа или љубовта што ме убива, 2016

drone-kontrakontrasvetilnik-msu-banner

ОПА (Слободанка Стевчевска и Денис Сарагиновски), КонтраКонтраСветилник, 2016

semov-web

Симон Шемов, Траги – Големата мајка, Перун, 2016

 

dejan-dragana-web

Дејан Ивановски, Место за човек, 2016 (Драгана Заревска, музички перформанс со укулеле)

daniel-web3

Даниел Серафимовски, Помеѓу две страни (Дивоградба), 2016

sumka-web

Јован Шумковски, R = 1 : 200 – Последно, 2016

phb-web

Петар Хаџи Бошков, Јазол 1, Од циклусот Мир-Немир, 1996/1998

igor-web

Игор Тошевски, Порта, 2016