Презентација и предавање на Немања Цвијановиќ: „Антифашизмот како самоодбранбен споменик“

Музеј на современата уметност

Петок, 13 мај, 2022 во 19 ч.

Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма продложува со предавања под наслов „Без/редие во светот на уметноста“. Во петок, 13. мај, во 19 часот  со физичко присуство предавање ќе  одржи уметникот Немања Цвијановиќ.

Презентацијата насловена „АНТИФАШИЗМОТ КАКО САМООДБРАНБЕН СПОМЕНИК“ се сосредоточува на реализираната интервецнија на Немања Цвијановиќ „Споменикот на Црвената Риека – споменикот на самоодбрана“ реализирана во 2020 година во Риека, Хрватска, кој може да се разбере како промислен акт, кој се спротивставува на подемот на национализмот како и националистичкото насилство. Ова конкретно дело претставува појдовно стојалиште во однос на конфротациите на фашистичкото и антифашистичкото наследство во Хрватска, но и пошироко, дефинирајќи го гестот на Цвијановиќ како ангажиран во однос на општествените текови, политиката, уметноста. Дискусијата ќе биде надополнета со презентација на монографијата Антифашизмот како самоодбранбен споменик.

Немања Цвијановиќ е роден во Риека, Хрватска. Дипломирал на Accademia di Belle Arti di Venezia, Венеција (1998), а магистрирал по проектирање и продукција на визуелна уметност на Универзитетот I.U.A.V во Венеција (2010). Соработувал со меѓународни институции, изложувајќи ги своите дела во музејот „Пера“ во Истанбул (2017), MAXXI и MACRO во Рим (2014), Музејот на современата уметност во Загреб (2011) и Mузејот на модерна и современа уметност во Риека (2008). Неговите неодамнешни самостојни изложби вклучуваат: „Furini Arte Contemporana“ во Рим / Арецо (2012/2015); Галерија „Delire“ во Брисел (2013); Галерија „ŠKUC“ во Љубљана (2011). Учествувал на бројни групни изложби меѓу кои: Трансакции во Centro Cultural de España en Ciudad de Guatemala во Гватемала (2012); IL BELPAESE DELL’ARTE во Музејот на модерна и современа уметност GAMeC во Бергамо (2011); Колекција на томови во Фондацијата „Bevilacqua la Masa“ во Венеција (2010) и Силабарио во Фондацијата „Nomas“ во Рим (2012). Учествувал на „Манифеста 9“ во Гент (2012), Централниот фестивал во Бриж (2010) и XIV. Меѓународно биенале за скулптури во Карара (2010). Тој е ко-основач на Заедницата за самоуправен интерес и уметнички директор во Галеријата СИЗ (2009). Од 2014 година е професор на Accademia di Belle Arti di Venezia, а од 2018 година е програмски координатор на Rijeka 2020 ECC.