Новиот број на point d’ironie #65 достапен во МСУ

“Ѕидовите зборуваат“ 1992-2022 е темата на новиот број на списанието point d’ironie („ирониска точка“), кое донесува серија фотографии од ањес б. оснивачката и сопственичката на списанието.

Изданието point d’ironie произлезе од разговор меѓу ањес б., Кристијан Болтански и Ханс Урлих Обрист во 1977. Секоја година се публикуваат шест до осум изданија. Секое од нив е осмислено од уметник и е единствено како и едно уметничко дело. Благодарејќи на бесплатното делење и на тиражот и дистрибуцијата, point d’ironie е нетипично списание кое е поделено веднаш по печатењето: d’ironie (сто илјади копии се раширени насекаде по светот во музеи, галерии, книжарници, училишта, кино сали, продавници и сл.) Измислен од францускиот писател Алкантер де Брам кон крајот на XIX век, point d’ironie означува пункциски знак што се користи на крајот од речениците (како извичник или прашалник) за да ги поентира ирониските делови во текстот.

point d’ironie #65 („ирониска точка“) е бесплатно достапен во нашата продавница. Тиражот е ограничен. Посетете не!