МСУ Летно кино: Украина

Кино МСУ ја продолжува својата летна филмска програма

Од 26 до 28 јули љубителите на филмската уметност ќе може да уживаат во три извонредни документарни филмови, кои во изминатите години беа прикажувани и наградувани на најзначајните филмски фестивали низ светот.
Сите филмови ја обработуваат жешката тема – Украина.

Проекциите се бесплатни и започнуваат од 21 часот, на отворено – на тремот во МСУ.
Капацитетот е 60 седишта.

Распоред на проекциите:

26.07|21.00 |

ЗЕМЈАТА Е СИНА КАКО ПОРТОКАЛ
Украина, Литванија/ 2020 / 74’
Ана е самохрана мајка која со своите четири деца живее во воената зона Донбаш во Украина. Дури во светот надвор летаат бомби и царува хаос, семејството се труди светот внатре да биде сигурно засолниште, полно со живот и светлост. Сите петмина ги влече киното, па решаваат да снимат филм за својот живот во време на војна. Ама како од војната да се создаде фикција? За Ана и децата претворањето на траумата во уметност е единствениот начин да останат луѓе.

Режисер: Ирина Цилик; Сценарио: Ирина Цилик ; Снимател: Вјачеслав Цветков; Монтажа: Ивана Баников, Данелиус Коканаускис, Ирина Цилик; Звук: Јонас Масквитис; Продукција: Ана Капуцина; Копродукција: Гиедре Жицките

Фестивали и награди:

Main Prize in Docu/World Competition – Docudays IHRFF, Ukraine (2020), Directing Award: World Cinema Documentary – Sundance World Cinema Documentary Competition, USA (2020),
MoMA Doc Fortnight (2020), Berlin International Film Festival, Germany (2020)

27.07|21.00 |

ДОЖДОВ НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАПРЕ
Од сириската граѓанска војна до конфликтот во Украина, постоењето на Андриј е одредено од навидум вечниот тек на животот и смртта.

Режисер: Алина Горлова; Сценарио: Алина Горлова, Максим Наконечни; Камера: Вјачеслав Цветков; Монтажа: Оља Журба, Симон Мозговји, Алина Горлова; Звук: Васил Јавтушенко; Музика: Горан Гора, Сергеј Синткеј; Продукција: Максим Наконечни; Копродукција: Лона Бичевска, Патрик Хам

Избрана филмографија:

Без јасни знаци/ No Obvious Signs (2018); Невидлив баталјон/ Invisible Battalion (2017); Колодни Јар. Интро/ Kholodny Yar. Intro (2016); Бабушка/ Babushka (2014); Првиот чекор в облаци/ The First Step in the Clouds (2012)

Фестивали и награди:

IDFA – Award for Best First Appearance, Netherlands (2020), Festival Dei Popoli – Best Feature Length, Italy (2020), DocuDays UA- Current Time Award, Ukraine (2021), Las Palmas International Film Festival – Golden Lady Harimaguada Award, Spain (2021), goEast Festival of Central and Eastern European Film – Golden Lily Award for Best Film, Germany (2021)

28.07|21.00 |

ДАЛЕЧНИOT ЛАЕЖ НА КУЧИЊАТА /91′

Десетгодишниот Олег живее во селце во источниот дел на Украина, претворен во воена зона во која често одекнуваат бомби и проектили. Олег живее со баба си Александра која се грижи за него по смртта на мајка му. Животот станува незамисливо тежок со секој одминат ден, а војната никако да заврши. Во ова полунапуштено место каде што Олег и Александра си се единствените константи, филмот сведочи како детската невиност исчезнува под звукот на гранатите, но и дека блиските врски, иако кревки, се клучни за да се преживее.

Режисер: Симон Леренг Вилмонт; Снимател: Симон Леренг Вилмонт; Монтажа: Михаел Аглунд; Тон: Пијету Корхонен, Хајки Коси, Петер Албрехтсен; Музика: Уно Хелмерсон, Ерик Еноксон; Продукција: Final Cut for Real; Копродукција: Mouka Filmi, Story, Bayerischer Rundfunk и Arte

Избрана филмографија/ Selected Filmography:
– „Чикара, синот на сумо-борачот“/ Chikara – Sumobryderens Søn/ Chikara – the Sumo Wrestler’s Son (2014)
– „Шампион во мечување“/ Fægtemesteren/ The Fencing Champion (2014)
– „Патувајќи со господинот Т.“/ Traveling with Mr. T (2012)
– „Над земја, под небо“/ Over jorden, under himlen/ Above the Ground, Beneath the Sky (2008)
„Патувањето на Рамона“/Ramonas rejse/ Ramona’s Journey (2004)