„Манифеста 14 / Западен Балкан“ отворена во Приштина

Директорката на Музејот на современата уметност – Скопје, Мира Гаќина заедно со основачот и првиот човек на Меѓународното биенале „Манифеста“, Хедвиг Фејен и главната кураторка на биеналето Кетрин Николс, денеска во Приштина, каде беше отворена уметничката програма на едно од најзначајните биеналиња во Европа.

Иако, седиштето на ова издание е во Приштина, биненалето ќе се реализира и во други градови од западен Балкан. Музејот на современата уметност – Скопје, годинава е партнерска институција на „Манифеста 14 Западен Балкан.

Како дел од програмата на Манифеста, во текот на наредните две години, Музејот на современа уметност – Скопје ќе биде организатор на програмска целина составена од дискурзивна и изложбена програма.

Манифеста ќе продолжи во Скопје, кога на 8 ноември ќе се отвори изложбата насловена како „Се што ни е заедничко“, кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова.