Летно кино

Музејот на современата уметност на 17ти јуни започнува со својата редовна филмска програма.


Во наредните четири месеци во рамките на Летното кино на музејот под отворено небо над градот публиката ќе има можност да проследи десет креативни документарни филмови.


Се работи за внимателно избрани филмови, кои во себе, не носат само дидактичка нишка, туку на повеќе нивоа ги отвораат прашањата поврзани со животот и делата на уметниците, општествените и егзистенцијални теми, како и предизвиците на создавањата на делата и раководењето на музеите во 21 век.


Летното кино на музејот ќе биде отворено со документарниот филм Нашата временска машина од режисерите Yang Sun и S. Leo Chiang, филм кој го следи создавањето на проектот на влијателниот кинески уметник Малеон. Филмот прикажува повеќе слојна медитативна уметност на агонијата на загубата и љубовта како и кругот на животот.

Проекциите на Летното кино на МСУ ќе се одвиваат на отворениот трем на музејот со почеток од 21.00 часот, влезот е слободен а капацитетот е ограничен на 50 седишта.

17. јуни, 2021

НАШАТА ВРЕМЕНСКА МАШИНА (Our Time Machine)

Yang Sun

Кина, САД / 2019 / 81′

Кога влијателниот кинески уметник Малеон ќе дознае дека татко му, реномиран директор на пекиншката Опера, има Алцхајмерова болест, знае дека нема уште многу време. Нивниот живот заедно и спомените набргу неповратно ќе исчезнат. Сакајќи да извлечат најмногу што можат од ситуацијата, тргнуваат на едно неверојатно патување и така почнува нивната соработка на еден впечатлив, волшебен и автобиографски сценски перформанс.

Режисер: Yang Sun, S. Leo Chiang; Сценарио: S. Leo Chiang, Bob Lee; Снимател: Shuang Liang, Yang Sun; Монтажа: Bob Lee; Музика: Paul Brill
Продукција: S. Leo Chiang / Walking Iris Media, Betsy Tsai; Копродукција: Violet Du Feng, Qingzeng Cai, Sharky Wang

Фестивали и награди:
Grand Prix for Best Documentary – Minsk International Film Festival Listapad, Belarus (2019)
Best International Director – HotDocs, Canada (2019)
Best Documentary Feature Film – Melbourne Film Festival, Australia (2019)
Best Cinematography Award – Tribeca Film Festival, USA (2019)
Grand Jury Prize – Los Angeles Asian Pacific Film Festival, USA (2019)
Best International Director – Documentary Edge Festival, Australia (2019)
Jury Award for Best Documentary – CAAMFest, USA (2019)

24. јуни, 2021

ГРАД МУЗЕЈ (Museum Town)

Џенифер Треинер (Jennifer Trainer)

САД, 2019, 76 минути.

Филмот ја раскажува приказната за уникатниот музеј, за малото гратче, кое е неговиот дом и за големиот ризик, надежта и моќта на уметноста за трансформација на пустиот пост-индустриски град.
Во 2017 година, МАСС МСУ (MASS MoCA) стана најголемиот музеј за современа уметност во светот, но, само три децении пред тоа, нејзините огромни згради од тули беа напуштени мошти на огромната затворена фабрика.
Како е настаната неверојатната трансформација?
Како сведоштво за издржливоста и имагинацијата, ГРАД МУЗЕЈ ( Museum Town) ја следи извонредната приказна за тоа како руралниот град во Масачусетс премина од економски колапс во уметничка мека.

01. јули, 2021

ЧОВЕКОТ КОЈ СЛИКА КАПКИ ВОДА (The Man Who Paints Water Drops)

Оан Ким и Бригите Буијо (Oan Kim и Brigitte Bouillot)  

2020, 79 минути

Познатиот корејски сликар Ким Цанг-Јеул не зборуваше многу. Претпочиташе да молчи и да слика. Капките вода секогаш биле периодичен мотив во неговата уметност, но дури откако наполнил 90 години, кога неговиот син, режисерот Оан Ким зaпочнал да го снима, нивното подлабоко значење станува јасно. Бурната животна приказна на постариот сликар се открива малку по малку; тој бил уапсен, избегал, преминал граница и го изградил својот живот повторно, и повторно, и повторно. И покрај ретките, исечени разговори, двајцата создаваат посебна врска како што се развива филмот. Во набљудување, внимателно слушање, допир, сеќавање и споделени семејни моменти, тие како да орбитираат еден околу друг – еднаш далеку, еднаш блиску. Заедно, тие сликаат портрет на двајца уметници исцелени од својата уметност.

НЕВРАМЕН ПОРТРЕТ (An Unfraimed Portrait)

Авани Раи (Avani Rai)

2017, 55 минути, Индиско, Финска и норвешка копродукција


Режија и сценарио: Авани Раи; Снимател: Авани Раи; Монтажа: Мено Боерема (Menno Boerema), Аркана Падке (Archana Padhke); Тон: Ашок Кумар (Ashok Kumar), Сусмит Боб Нат (Susmit ‘Bob’ Nath); Музика: Нарен Чандавакар (Naren Chandavakar), Бенедикт Тејлор (Benedict Taylo0)r; Продукција: Ика Вехкалати (Iikka Vehkalathi) (IV FILMS LTD)

Преку филмот ѕиркаме во животот на Рагу Раи, легендарниот фотограф, кој поминал низ најдобрите и најлошите времиња во Индија и ги зачувал живи моментите што и ден-денес можат да нè приземјат.

Фестивали и награди:
DocAviv International Documentary Film Festival, Israel (2018) / Docs Against Gravity, Poland (2018) / DocEdge Film Festival, New Zealand (2018) / Dokfest München, Germany (2018) / TRT Documentary Days, Turkey (2018) / IDFA, The Netherlands (2017)