Кино МСУ – Планински филм на ридот

Музеј на современата уметност

07. – 28. април, 2022

Кино МСУ ја започнува својата овогодишна програма во соработка со ЕХО – Фестивалот на планински филм.

Програмата „ПЛАНИНСКИ ФИЛМ НА РИДОТ“ се отвора на 07. 04 со почеток од 19.30 часот во Џебното кино на музејот со проекцијата на филмот Невреме над Мон Блан на Арнолд Фанк.  

Проекциите во склоп на Кино МСУ се бесплатни и се одржуваат во согласност со активните препораки против КОВИД – 19  ( капацитет на киното до 60 лица)


07. 04. 2022 | 19.30 ч.

Невреме над Мон Блан, Германија, 1930, Арнолд Фанк

Ова е филм, во кој се прикажуваат активностите на човек кој работи сам, во метео станицата на Мон Блан, запишувајќи податоци за временските услови. Тој може да контактира со останатиот свет, користејќи Морзеова азбука. Во еден момент, му се придружува девојка, која ќе му помогне во преживувањето на едно силно невреме кое ја зафаќа планината.

Сниман на локации во Швајцарија, Германија и Франција, овој филм е познат по фантастичната сценографија.

Филмот претставуа ремек дело на раниот планински филм! 

https://vimeo.com/22218526


14. 04. 2022 | 19.30 ч.

Северно од сонцето, Норвешка, Јорн Нисет Ранум/Инге Веге, 2012, 46’

Инге Веге (25) и Јорн Ранум (22), поминуваат девет месеци изложени на Норвешки зимски студ, во изолиран и ненаселен залив на далечен арктички остров во северна Норвешка, соочувајќи се со ништо друго, освен големиот Атлански океан. Таму тие изградиле куќарка од дрва – кои иле исфрлени и донесени на брегот од океанот, јаделе стара храна со изминат рок, која вообиечаено би била фрлена… Но, момците земале со себе, две нешта од непроценлива вредност за нив: нивните даски за сурфање – можеби најголемата мотивација за реализација на оваа арктичка авантура. И сето тоа, затоа што овој далечен залив има една тајна: едни од најдобрите бранови за сурфање…
Филмот преставува едно од најдобрите остварувања во светот на оваа тема, освојувајќи ги речиси сите главни награди по фестивалите ширум светот.

https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=vb_YFd2GzhM

Нација на брани, САД, 2014, Бен Најт/Тревис Рамел, 53

Браните порано беа симбол на напредокот и контролата врз природата, а денес тие се наоѓаат во центарот на жешка дебата, водена од тие кои негативно го оценуваат нивното влијание врз екосистемот. Во САД постои растечко движење, кое бара браните изградени во 19-тиот и 20-тиот век да бидат отстранети, за да можат реките да им се вратат на своите оригинални текови. Овој филм е плод на тригодишна работа и го документира спектакуларното отстранување на голем број на брани и состојбите кои се случуваат потоа. Ова е патување низ историјата и пејзажите на САД, каде што природата и слободата се неразделни.

https://www.youtube.com/watch?v=kuvBRAfT2g0


21. 04. 2022 | 19.30 ч.

Спелеонаут / Под каменото небо, Соња Џекиќ, Србија, 2018, 57’

Во предвечерјето на човековото освојување на Месечината, во летото 1969-та година, 34-годишниот Милутин Вељковиќ, започна со неговиот планиран 15-месечен престој во 2-километарска пештера во Србија. Вељковиќ не беше заинтересиран само во тоа да го надмине рекордот за најдолг престој во пештера до тогаш, туку воопшто – да навлезе во универзумот на длабочината.

Овој неверојатен потфат се открива од надворешниот свет, преку серија портрети од интересни карактери, кои се поврзани со Вељковиќ. И така неочекувано, влегуваме во подземиот свет. Различните раскажани фрагменти од деталниот дневник на Вељковиќ се враќаат во живот: од неговите секојдневни активности, како правење кафе и собирање инсекти, па се’ до драматични моменти како вадење на сопствен заб, размислување за жени, борење со поплави и халуцинации.

Од поврзувањето со предците од праисторијата во дезинтегрирани време и простор, се’ до истражувањето на вселената – Спелеонаут е во потрага по нашата цел.

Слобода под товар, Павол Барабш, Словачка, 2016, 58’

Со стотина килограми на своите грбови, тие се соочуваат со невремиња, олуи и длабок снег. Нивната умешност не е само професија, туку и нивен сопствен начин да најдат мир.

Во овој документарец, ќе имаме можност да се запознаеме со најстарата генерација на носачи во Високите Татри, кои со товар се качуваат по планините и вршат достава на разни потребштини за домовите секој ден. Ќе откриеме зошто го одбрале овој начин на живот и зошто останале „последни Мохиканци“ на европскиот континент.

А можеби ќе откриеме нешто и за својот товар во животот.


28. 04. 2022 | 19.30ч

Луѓето – птици: оригиналниот сон за летањето, САД, 2012, Мет Шериден, 43’

Ова е филм за тоа како сонот за летањето на човекот – станува реалност. Опасно е, може да биде смртоносно, бара години посветени на тренинг, но неколкумина ги посветуваат своите животи во потрагата по најчистата форма на човековото летање: Летање со одела со крила, скокајќи од разни вертикали.
Професионалците во ова поле, Елен Бренан, Мајк Стин и Мет Гердс, ја водат публиката низ инспиративната, но во исто време и трагична историја на овој сон, покажувајќи ги при тоа врвните достигнувања на овој начин на човеково летање во таа 2012 година.

Том, Анхел Естебан и Елена Гоатели, 2015, Италија, 67

Том живее со својот татко Џејмс во еден кампинг во Доломитите. Двајцата живеат од неговата пензија. И неговата мајка, големата англиска алпинистка Алисон Харгривс, која загина при симнување од К2 кога тој имаше само 6 години, не сакаше да биде ништо друго, освен качувач.
Тој го посветува целиот свој живот на планините, а една од последните цели му беше да се искачи соло по Шесте северни страни во Алпите во една зимска сезона. Никој го нема тоа претходно направено и тој сака да биде прв. Со белото комбе кое го управува Џејмс, Том ќе патува низ Алпите и ќе се обиде да го реализира својот сон.