Експертски дискусии – Општествено ангажирана уметност во Новата Реалност


Музејот на современа уметност – Скопје го најавува првиот од серијата експертски разговори во рамките на Европското номадско биенале за современа уметност – Манифеста14, проект во Западниот Балкан.
Настанот ќе се случи со физичко присуство на 10 ноември во 19 часот, во Музејот на современата уметост – Скопје. Иако, седиштето на ова издание на Манифеста е лоцирано во Приштина, Косово, Биненалето ќе се реализира и во други градови од Западен Балкан. 

Музејот на современата уметност – Скопје, годинава е една од партнерските институции на 14то Европското номадско биенале, Манифеста.

Како дел од програмата на Манифеста, во текот на 2021 година, Музејот на современа уметност – Скопје ќе биде организатор на програмска целина составена од дискурзивна и изложбена програма. Дискурзивната програма ќе се фокусира на функцијата на музеите на современа уметност во ерата на „Новата реалност“, која е обликувана од поврзани настани во текот на 2020 и 2021 година, како што се пандемијата, заклучувањата, затворените граници, одговорите на националистичката влада, непријателските еколошки политики, протести и сл.

Говорници на настанот ќе бидат: Сантиаго Забала, Шираз Гринбаум, Орен Зив, Јонас Стаaл и Филипо Минели.

Сантијаго Забала е професор по филозофија на Универзитетот Pompeu Fabra во Барселона и автор на многу книги, вклучувајќи ‘Зошто само уметноста може да нè спаси: Eстетиката и отсуството на вонредност’ (Columbia University Press, 2017). Истоа така има објавувано за Гардијан, Њујорк Тајмс и Ал Џезеира. Неговата последна книга е ‘Да се биде на слобода: Слободата во ерата на алтернативните факти’ (McGill-Queen’s University Press, 2020).

Филипо Минели e уметник со истражувачки интереси фокусирани на пејзажот и јавната сфера. Преку неговата работа и уметнички проекти тој ја оспорува улогата на идентитетот и воспоставените наративи кои опстојуваат и во физичкиот и дигиталниот простор. 

Јонас Стал е визуелен уметник чија работа се фокусира на релациите помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата. Стал е основач на уметничка и политичка организација Новиот светски самит (2012–). Истоа така Заедно со Флоријан Малзахер тој го води тренинг кампот наречен Обука за иднината (2018-).

Шираз Гринбаум е фотографка и уредничка, која работи со колективот ‘Activestills’ од 2012 година. Таа е исто така основач на ‘Да Осветлиме Дом’, независен форум кој помага на групите за поддршка на деца на воените ветерани со PTSD синдром во Израел; како и уредничка на онлајн списанието Leafing.co.il кое содржи книги за локални уметници.

Орен Зив е репортер и фотограф на магазинот Local Call и +972. Исто така е ко-основач на колективот ‘Activestills’. Започнувајќи oд 2005 година тој ги документира социјалните и политичките прашања во Израел и на палестинските територии.

Куратор и модератор е Тихомир Топузовски. Вовед во настанот ќе даде претставник на Манифеста14: Емилија ван Линден, одговорно лице за комуникација, маркетинг и издаваштво.

Секој од говорниците ќе ја презентира својата работа во 15 минутно излагање, а потоа ќе следува сесија на прашања и одговори.

Општествено ангажирана уметност во Новата Реалност

Непоходно е да се осредоточиме на методите на образување, уметничките и кураторските практики во ерата на ‘Новата Реалност’, реалност обликувана од серија настани во текот на 2020 и 2021 година, како што се пандемијата, затворените граници, погрешните политики кон животната средина, итн. Овој предизвикувачки контекст не само што создава состојба на ‘политичка вонредност’, туку и форми на уметнички практики кои изразуваат ‘состојба на вонредност’, генерирајќи исто така можности за културните институции во репрезентирањето на овие случувања. Оттаму, во конкретните услови и надминување на конвенционалните дебати за кураторските практики, музејскиот простор, изложбите, колекциите и публиката, треба да се насочиме на уметничките практики кои се општествено ангажирани, како и на улогата на музеите во ангажманот на заедницата.

Manifesta 14 Projekti i Ballkanit Perëndimor në bashkëpunim me MoCA nga Shkupi, ju fton në një diskutim mbi metodat e edukimit, praktikat artistike dhe kuratoriale në një epokë të ‘realitetit të ri’, një realitet që është formësuar nga ngjarjet përgjatë viteve 2020 dhe 2021 si pandemia, izolimi, kufijtë e mbyllur.

FOLËSIT:

Catherine Nichols – Ndërmjetësuese Kreative Manifesta 14 Prishtina

Blerta Hoçia – Kuratore e pavarur

Filippo Minelli – Artist dhe ish-pjesëmarrës në Manifesta 12 Palermo

Projekti Manifesta 14 Ballkani Perëndimor promovon organizimin e bashkëpunimeve ndërmjet artistëve dhe institucioneve nga vendet e Ballkanit Perëndimor përmes projekteve që synojnë stimulimin e krijimtarisë në rajon.

Shpresojmë të shihemi më 11 Nëntor në ora 17.30 në MODELARIUMIN e Fakultetit të Arkitekturës në Prishtinë!

*Kapacitet i kufizuar për shkak të masave për parandalimin e COVID-19.