Двата броја од обновеното издание на Големото стакло, што почнувајќи од 2018 година Музејот на современата уметност го публикува на англиски јазик под наслов The Large Glass Journal, од сега е достапно бесплатно во ПДФ формат.
Првиот број од обновеното списание The Large Glass 25/26 од 2018 е тематски посветено на активизмот во уметноста како форма на политички протест.
Вториот број 27/28 од 2019 е фокусиран на постхуманизмот, вклучувајќи есеи, уметнички проекти и извештаи, кои критички дискутираат и презентираат различни гледишта во врска со темата.