Reality Has to Begin

Филмската и видео програма на Музејот на современата уметност и Интернационалниот фестивал за документарни и кратки филмови ДокуФест, Призрен

ви претставуваат:

 

Reality Has to Begin

Програма за современи креативни документарни филмови

Куратори: Ветон Нурколари и Кумјана Новакова

 

 

Петок 12 октомври 2018 во 20:00 ч.

Се запрашавте ли кој пукаше?

Тревис Вилкерсон, САД, 2017, 90 мин.

“Во 1946 година мојот прадедо убил некој црнец кој се викал Бил Спан, но успеал да се извлече.” Вака започнува критички признатиот документарен филм „Се запрашавте ли кој пукаше?“ на Тревис Вилкерсон, којшто нè води на патување низ американскиот југ за да ја разоткрие вистината зад еден грозоморен настан овозможен од општествените практики. Во улога на наратор и на водич, Вилкерсон плете чудесна, застрашувачка приказна. Во неа вметнува сцени од “Да се убие подбивнат аптица” и музика од Џанел Монае и Фил Окс, но јавклучува и својата лична семејна историја и приказната за истрагата на случајот “Риси Тејлор” предводена од Роза Паркс. Романескно истражување на нашето колективно минато и неговото ехо во денешнината.

 

 

 

 

Сабота 13 октомври 2018 во 12:00

Викендичка

Дамир Чучиќ, Хрватска, 2018, 73 мин.

Воин, слеп автор на радио доку-драми, ги кани протагонистите од неговите емисии да се сретнат со него во еден напуштен хотел по завршувањето на туристичката сезона. Тој ги снима разговорите со нив и преку тоа, архитектонски прецизно, ги доловува раните од нивните трауматични детства.

 

 

 

 

 

 

 

12 октомври – 13 октомври, 2018 г.

Сонот господари со нејзината куќа

Скот Барли, Видео инсталација, ВБ, 2017, 90 мин.

Сенките на врисоците се искачуваат зад ридовите. Тоа се има случено и порано. Но ова ќе биде за последен пат. Последните неколкумина го чувствуваат тоа и се повлекуваат длабоко во шумата. Вриснуваат во темнината и внатре во земјата додека сенките минуваат.

Во свет, чии што жители се само неколку животни, и во којшто очигледно недостасуваат луѓе, се појавува некакво нејасно присуство, отелотворено како ветрот. Минува низ долината, езерото и шумата, оставајќи само неразјаснета смрт зад себе. Кога ќе завладее ноќта, натприродните сили преминуваат во природата, оставајќи кобни последици. Преку долгите, статични кадри и комбинацијата од движења и фотографии (направени со iPhone), овој филм нуди контемплативни, хипнотизирачки искуства на слики што се движат.