Едукативна програма
EN

ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Активностите на Музејот на современата уметност и Одделот за едукација спроведува сопствени едукативни програми, како и разновидни проекти реализирани низ долгогодишната успешна соработка со институции и организации во сите сфери и степени на училишните едукативни процеси, почнувајќи од претшколската возраст до сите останати целни групи заинтересирани за работата и колекцијата на музејот.

РАБОТИЛНИЦИ

Креативните едукативни работилници, истовремено им овозможуваат на учесниците да ги збогатат своите познавања за уметноста, како и да започнат со развивање на сопствените креативни способности. Релаксираната атмосфера, инспирирана од опкружувањето со значајни уметнички дела, поттикната и со дискусии и музика им помага на учесниците да ги ососзнаат и да ги манифестираат сопствените таленти и разбирање на уметничкиот чин. Темите на работилниците се разновидни и можат да бидат поврзани со музејската колекција на уметнички дела или со специјално дизајнирани уметнички прашања.

ПРЕДАВАЊА

Одделот за едукација повремено организира предавања или разговори со уметници чии што изложби се одвиваат во музејот во текот на годината .

МСУ ВОДИЧ

Одделот за едукација организира и водење низ музејските поставки и тековни изложби, во кои може да учествуваат кустоси од одделот, кустоси кои се автори на поедини изложби или од самиѕте уметници.

DATES

27/09/ - 01/10/ 2022

Членовите на уметничката група ОПА (Опсесивно посесивна агресија), Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски, ќе одржат „Уште еден досаден воркшоп“ со фокус на дел од современите уметнички практики.

29/09/ - 30/09/ 2022

Последните две работилници од програмата „Уметност за најмалите“