Виктор Вазарели

| Франција |

Роден во Печ, Унгарија во 1997.

Во декември 1964 во Музејот пристигна делото на Вазарели, една од првите донации . За ова дело заслуга има г-динот Жан Касу, бивш директор на Националниот музеј за модерна уметност во Париз. Делото е одбрано од самиот автор и при чинот на селектирањето тој се однесуваше со респект кон ново формираниот Музеј, подарувајќи едно од неговите најзначајни творби. Токму во оваа слика се сублимирани сите негови искуства од предвоениот период и воедно е заокружена неговата определба за геометриската апстракција (понатаму поле на негов интерес е оп-артот).
На неа максимално е постигната хармонијата во организацијата на математички решените површини-едноставен принцип на градење на композицијата, којашто ја одразува комплексноста на ова извонредно остварување.

Претставуваме неколку од серијата дела на Виктор Вазарели вклучени во колекцијата на МСУ:
ИОЛ, 1958 масло на платно 130х89см | Без наслов, 1968, сито-печат во боја, 122/175, 79х49,5см

Вазарели Виктор



No more work to show