Пабло Пикасо

| Франција |

Роден во Малага | 1881 – 1973

Донацијата е личен избор на авторот добиена со посредство на г-дин Жан Касу, бивш директор на Националниот музеј за модерна уметност во Париз во 1965 од галеријата Louis Leiris, којашто беше застапник на неговото творештво.
Делото Глава на жена е настаното во едно од неговите последни ателјеа. Сликата е дел од серијата женски портрети, негов омилен мотив кој се провлекува уште од 1932 и во кое се присутни кубистичките форми карактеристични за неговото зрело творештво.
На 17.11.1971 сликата е украдена од изложбените сали на постојаната поставка. Во исто време во неколку галерии во Париз се украдени негови дела. Вратена е на 21.04.1972 со големи оштетувања. Со извршената реставрација таа го доби првобитниот изглед.
Прикажана е на повеќе изложби, а 1994 делото, во ироничен контекст, е вклопено во мултимедијалната инсталација “Суеверниот човек” на бугарскиот уметник Недко Солаков.

Претставуваме делo на Пабло Пикасо вклученo во колекцијата на МСУ:
Глава на жена, 1963 масло на платно 73х55см

Пикасо Пабло



No more work to show