Мимо Ротела

| Италија |

Роден 1918 во Катанцаро – починал 2006 во Милано. Студирал на Ликовната академија во Неапол и бил добитник на Фулбрајтовата стипендија на Универзитетот во Мисури кај Канзас Сити. По враќањето во Италија во 1953, Ротела го отфрлува сликарството за сметка на неговите карактеристични деколажи и асамблажи, во кои инкорпорира текстил и други материјали. Покасно екпериментира со акрилни бои и фотографски елементи. Неговото дело е најпознато по “двојните колажи“, кои ги прави со кинење на улични плакати (особено филмски плакати) и со нивно лепење на платно од каде повторно кине помали парчиња за да создаде колоритни, често забавни колажи. Тој е единствениот италијански уметник кој учествуваше во познатото француско движење Нови реалисти, со кои излагаше во текот на шеесеттите години.

Претставуваме делo на Мимо Ротела вклученo во колекцијата на МСУ:
Големите љубовници, 1972, литографија на хартија, 48,5 х 66см

No more work to show