EN

Куми Сугаи

1919 – 1996, Кобе, Јапонија

 

Црна маса, 1964

Литографија на хартија,  75,5 x 57 см

Едиција: а.о.; сигнирано д.л. epreuve d’artiste; д.д. 64 – S ugai

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 01075

 

Биографија

Куми Сугаи е сликар, скулптор и графичар, кој од 1952 година живее во Париз, Франција. Во 1960те години години започнува да се занимава со графиката, која го сочинува најголемиот дел од неговото творештво. Во тој период неговото дело трпи клучна промена со напуштањето на дотогашните ориентални, калиграфски мотиви и со преминот кон геометриската, „хардеџ“ апстракција. Во 1996 година се враќа во Кобе, Јапонија каде пред смртта е награден од Царот на Јапонија со наградата „Шиџу-Хошо“ за високи индивидуални достигнувања во културата. Неговите дела се изложени во колекции на повеќе светски и европски музеи.

Краткиот увод во биографијата е превземен од Википедија во согласност со: Attribution-ShareAlike Creative Commons License.

Биографијата на англиски јазик е достапна на следниот линк: wikipedia.org/wiki/Kumi_Sugai

 

Претходни изданија