Глигор Стефанов

Роден во Кавадарци | 1956

Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1981), кадешто ги завршува и пост-дипломските студии (1985). Од почетокот на својата кариера Стефанов ја обработува скулптурата како објект или како комплексна просторна инсталација на објекти. Во средината на осумдесеттите години, започнува да создава просторни инсталации со употреба на природни материјали како памук, слама, трева, глина и дрво. Неговата серија изложби во јавни и во галериски простори (Кавадарци, Загреб, Белград, Скопје) се меѓу првите site-specific инсталации и бележат значајна поддршка од македонската и југословенска критика. Со овие дела Стефанов е вклучен на бројни значајни изложби на авангардната југословенска уметност во Франција, Австрија, Чехословачка, Унгарија, Грција, Германија и во југословенските центри (Сараево, Белград, Загреб, Скопје). Во 1986 ја организира својата голема самостојна изложба во Музејот на современата уметност во Скопје, кадешто ја излага серијата Летала во кои основен материјал е сламата. Во 1988 се сели во Лондон, кадешто наративните аспекти на неговото дело добиваат религиозни компоненти. Во раните деведесетти години Стефанов создава серија објекти и инсталации под заеднички наслов Серафини, Керубини и Тронови во форма на ангелски крилја и кругови, во кои и натаму основниот материјал е сламата. Со овие дела се појавува на изложби во Вајтчапел галеријата во Лондон (1989), Шумата Грајздеил (Grizdale Forest, 1990) и др. места во Англија. Во 1993. заедно со скулпторот Петре Николоски, Стефанов излага на 45. Биенале во Венеција како претставник на Република Македонија.

Претставуваме неколку од серијата дела на Глигор Стефанов вклучени во колекцијата на МСУ:
Грабање од просторот, 1985, слама на дрвена подлога, 190 х 130 х 10 см | Истражување со конпоно платно и теракота, 1981, конoпно платно, теракота, жица 58x70x24 см

Стефанов Глигор



No more work to show