Душан Перчинков

Роден во Скопје | 1939

1958-1963 – Студира на Академијата за ликовни уметности во Белград;
1963-1966 – Магистерски студии на Академијата во Белград, во класата на Љубица Сокиќ;
1969-1980 – Предава на Архитектонскиот факултет во Скопје;
1980 – Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје;
Неговите дела се наоѓаат во Музеите на современата уметност во Скопје, Белград, Љубљана и Грац, во Националната галерија во Скопје и во повеќе приватни колекции.
Музејот на современата уметност во 2004. ја организираше неговата голема ретроспективна изложба. Учествува на многубројни групни изложби во Македонија, некогашна Југославија и во Велика Британија, Австрија, Франција, Италија и др.
Во 1978. Перчинков е учесник на Биеналето во Венеција.
Живее и работи во Скопје.

Претставуваме дел од серијата дела на Перчинков вклучени во колекцијата на МСУ, масло на платно, сито печат:
Имагинарен предел, 1966 | Остатоци од летната ноќ, 1967 | Остров што цути, 1967 | Предел со траги од сонцето, 1967 | Мотив од предградие 1, 1970 | Плима, 1968 | Предел што трепери 2, 1972 | Шума и облак, 1975 | Шума 2, 1975 | Предел на тревата 8, 1983 | Предел на тревата 9, 1984 | Романтичен предел C-3, 1979 | Море, 1966 | Шума 1, 1975 | Предел на тревата 1, 1982 | Предел на тревата 7, 1983 | Стогови Б, 1978 | Предел Х-3, 1988 |

Перчинков Душан



No more work to show