Бурхан Доганчај

| Турција |

Роден во Истанбул|1929

Бурхан Доганчај го наследил уметничкиот талент и спрема од својот татко Адил Доганчај, и од Ариф Каптан, обајцата познати турски сликари. Во неговата младост, Доганчај играл во турскиот Генчлебирлиги спортски тим. Во 1950 дипломирал на Универзитетот во Анкара, Турција. Додека студирал на универзитот во Париз, каде во 1953 докторира на насоката економија, посетувал и курс за уметност на Académie de la Grande Chaumière во периодот од 1950 до 1955. Во овој временски период регуларно слика и ги изложува своите дела на неколку групни изложби. Наскоро по враќањето во Турција, тој учествува во многу изложби, вклучително заеднички изложби со неговиот татко во Клубот на љубители на уметноста во Анкара. По кратката кариера во владината администрација (дипломатска служба), што било причина да престојува во Њујорк во 1962, Доганчај одлучува во 1964 целосно да се посвети на уметноста и да се пресели во Њујорк. Денес, Доганчај живее и работи во Истанбул, Њујорк и Тургутрес, Турција.
Доганчај е фасциниран од урбаните ѕидови и ги избира за свој централен аспект. Тој ги гледа истите како барометар на општеството и како тестамент за минливоста на времето, рефлектирајќи социјални, политички и економски промени, постојано одолевајќи на јуришот на елементите и бележјата оставани од луѓето.
Во половина на седумдесетите Доганчај созрева кон својот спореден проект: фотографирањето на урбаните ѕидови низ целиот свет. Како одминува времето, овој проект добива значење и содржина и по четири декади опфаќа преку 100 земји. Овие фотографии се архива на нашето време и зачетокот на неговото сликарство, што воедно значат и документирање на една ера во која живееме. Плакати и објекти од ѕидовите го претставуваат главниот елемент на неговите дела, и наполно логично е тоа што претпочитаниот медиум на Доганчај е претежно „колаж“ и „димење“. Доганчај рекреира ѕидови во различни серии.
Во 70те и 80те се стекнува со слава поради својата интерпретација на ѕидовите во серијата во форми на ленти, што споредено со неговите колажни билборди како Конусната серија, Серијата со порти или Ѕидовите на Александар се сочинети од чисти хартиени ленти и калиграфија – калиграфско обликувани сенки. Оваа серија подоцна ќе биде зачеток на алуминиумските композитни материјални сенки употребувани во скулптурите и Аубусонските гоблени.
Претставуваме дела на Бурхан Доганчај вклучени во колекцијата на МСУ:
Без наслов 1, 1981, гваш на хартија, 76,5×56,5 | Без наслов 2, 1981, гваш на хартија, 76,5×56,5 | Сини ѕвезди, 1997, комбинирана техника на платно, 127×90

Доганчај Бурхан



No more work to show