Александар Срнец

| Хрватска |

Роден 1924 во Загреб.

Студирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Еден е од основачите на групата EXAT-51 и потписник на “Манифестот 1951” во кој хрватските и југословенските уметници го објавуваат правото на слободен уметнички израз, односно од диктатот или влијанијата од било какви политички или идеолошки догми.
Во 1953. ги конструира првите кинетички објекти. Околу 1956. започнува да експериментира со подвижни скулптури, а од 1962 светлината станува битен елемент на лумино-кинетичките конструкции. Учесник е во Новите тенденции. Извесно време се бави и со анимираниот филм.

Претставуваме делo на Александар од серијата дела од Срнец вклучени во колекцијата на МСУ:
Без наслов 1, 1967, сито печат во боја, 7/20, 49,5×53см

Срнец Александар



No more work to show