EN

Алберто Бури

1915, Чита ди Кастело, Италија – 1995, Ница, Франција

 

Бело С- 64, 1964

мешана техника на лесонит, 38 x 92 cm

Аквизиција: Донација, 1966

Инвентарен бр.: 01078

 

Благодарение на ангажманот на Националниот комитет на пластичните уметности од Рим, а особено на контактот на галеристот и сликарот Марио Пенелопе со Алберто Бури, во 1966 беше добиена сликата “Бело С-1964”.

Биографија

Алберто Бури (12 март, 1915 – 13 февруари, 1995) е италијански ликовен уметник, сликар, скулптор, и лекар, кој живеел во Чита ди Кастело. Тој се поврзува со материјалноста на европската уметност на енформелот, а својот стил го опишува како полиматеријалистичко. Неговото дело се поврзува со спацијализмот на Лучио Фонтана и со енформелот на Антони Тапиес, а неговото влијание е значајно и за развојот на повоената уметност во Америка (Роберт Раушенберг) како и на европската уметност.

Краткиот увод во биографијата е превземен од англиската Википедија според Attribution-ShareAlike Creative Commons License.

Целиот текст е достапен на англиски јазик на: wikipedia.org/wiki/Alberto_Burri

Претходни изданија