Трета уметничка лабораторија

На оваа уметничка лабораторија во соработка со НУ Музеј на современата уметност – Скопје ќе експериментираме со глина. Овој заеднички креативно-истражувачки процес успешно реализираше две работилници со деца 5+. Експериментите даваат одлични резултати и децата веќе почнуваат да го чувствуваат просторот на музејот како близок другар кој ја чува нивната имагинација. Создавањето во група е предизвик и за нас и за децата, а воодушевува фактот колку брзо го впиваат убавото, за потоа со огромна желба да се нурнат во експериментите во кои творат самите и со кои сакаме да покажеме дека уметностите се преплетуваат и може да се преточат една во друга.

Во недела ќе им се доближиме на склуптурите и ќе создаваме нови светови во нашиот заеднички простор. Солидарноста е нашето мото, а слободниот израз низ игра нашата цел.

Цената изнесува 300 денари со вклучена ужинка и материјали за работа, а пријавувањето е на мејл veternicainfo@gmail.com или на тел. 078 231 030.

Одделот за едукација, продолжува да ја остварува својата благородна мисија – уметноста да им ја доближи на младите започнувајќи од најмала возраст и да учествува во нивното секојдневно спознавање на овој свет. Колектив Ветерница веќе 4 години активно ја негува перформативната уметност како основна алатка за раст и развој на деца и млади.

Музеј на современа уметност

Елегантно вклопен во планот на централно Скопје во рамки на тврдината Кале – Музејот ќе доминира над градската панорама како средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963.

Learn more