Деца и супер херои – Креативна првоаприлска работилница за изработка на маски
Први април – Ден на шегата, на смеата и прекрасна можност да направиме сами маска, да бидеме супер херој, кој е скриен длабоко во секој од нас, особено кај децата. Ова е можност децата својата фантазија за поубав и помирен свет, кој го градат заедно со своите родители, да ја преточат во реалност, замислувајќи се како супер херој со надприродна моќ. А како изгледа тој супер херој ќе видиме преку маските кои ќе имаат можност самите да ги креираат и направат.
На Први април, креирајќи сопствен супер херој, заедно ќе се обидеме да ја креираме визијата за поубава иднина и што за неа може да направат децата и возрасните. Во оваа креативна работилница на “супер херои“, ќе ја видиме вистинската моќ на малите големи луѓе, нивната креативност, фантазија и нивната замисла за поубав свет.
А сите ние и големи и мали, посакуваме да сме супер херој или имаме свој јунак, кој може се – спасува луѓе, се бори против злото, патува во далечни непознати светови и има извонредна моќ да ги совлада сите препреки.
Затоа ги покануваме децата, заедно со своите родители, да се дружиме, креираме, да мечтаеме и да се обидеме да учествуваме во креирањето на маски но и на поубава иднина во која сите ќе сме свесни за нашата позитвна моќ.
Влезницата за овој настан изнесува 100ден.