99Files: Отворен повик

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЦРТЕЖИ / ФОТОГРАФИИ / ВИДЕА / ТЕКСТОВИ

 КРАЕН РОК  25.04.2018

Лабораторијата Landscape_inProgress при Универзитетот Медитеранеа (Реџо Калабрија, Италија) го започнува проектот 99FILES, преку отворен повик (наменет за студенти, професори, уметници, професионалци, итн.) со интенција да развие размисли за модерното и бруталистичкото архитектонско наследство со фокус на балканските земји.

Целта е да се пополни празнината генерирана од хегемонијата на западната архитектонска култура во втората половина на дваесеттиот век, маргинализирајќи го ова богато незаштитено наследство, за коешто денес постои ризик да биде избришано како резултат на трансформативни процеси, особено во областа на поранешна Југославија.

Иницијативата има намера да стимулира поинакво гледање на ова наследство, ослободувајќи го од негативната конотација, производ на идеолошките остатоци, со тенденција да трасира различни интерпретативни насоки на една значајна фаза од развојот на архитектонската мисла.

Градовите од балканскиот регион претставуваат значаен ресурс за истражување, преку нови визии, способни да ја препознаат улогата на оваа архитектонска продукција којашто претставува последна урбана утопија од XX век.

Фокус на првото издание е Скопје, главен град на Р. Македонија, симболичен  пример  за современата архитектура и актуелните динамики за развој и трансформација на балканските земји, каде трагите на овие процеси се  јасно  присутни.

Целта на повикот  е да конструира Оперативен Архив, којшто ќе колекционира цртежи, фотографии, видеа и текстови за модерното и бруталистичкото архитектонско и културно наследство на балканските земји.

Материјалите селекционирани од анонимни ревизори ќе бидат дел од двојазична ПУБЛИКАЦИЈА и патувачка изложба што започнува во МСУ-Музеј на Современа Уметност во Скопје.

http://landscapeinprogress.unirc.it/99filesmk/

 
Одговорни доценти 
Отавио Амаро, Марина Торнатора

Научни координатори
Отавио Амаро, Марина Торнатора, Благоја Бајковски, Алесандро Де Лука, Лучија Ла Џуса

Почесна комисија
Џанфранко Нери
Директор DArTe при Универзитетот Медитеранеа во Реџо Калабрија
Огнен Марина
Декан на Архитектонскиот Факултет во Скопје
Карло Ромео
Амбасадор на Италија во Македонија
Мира Гаќина
Директор на МСУ – Музеј на Современа Уметност во Скопје

Научна комисија
Роберта Амиранте, Кармен Андриани, Минас Бакалчев, Гуја Бертели, Силвиа Боти, Никола Брагиери, Роберто Кремасколи, Лоренцо Дељи Еспости, Ана Ивановска Дескова,Лука Галофаро,Дарко Христов, Марко Интроини, Марио Лупано, Милчо Манчевски, Мауро Марцо, Бруно Месина, Мароје Мрдуљаш, Матиа Мура, Џанфранко Нери, Харис Пиплас, Ефисио Пицалис, Алфредо Пири, Анета Христова Поповска, Ана Поситано, Ренато Рици, Еторе Рока, Андреа Шаша, Бенјамино Сервино, Карлос Гарсија Васкез, Марија Мано Велевска
Слободан Велевски

Покровителство
Универзитет Медитеранеа_Реџо Калабрија; Архитектонски факултет_Скопје; Италијанска Амбасада_Скопје; Музеј на современата Уметност_Скопје

Медиа Партнер
Abitare