99 Документи: #Скопскиот брутализам

Музеј на современата уметност

22. 06 – 16. 07 2018

 

Лабораторијата Landscape_inProgress при Универзитетот Медитеранеа го презентира проектот 99FILES, проект за бруталистичкото архитектонско наследство во Скопје.

Интенцијата на иницијативата е да стимулира поинакво гледање на ова наследство, ослободувајќи го од негативната конотација, производ на идеолошките остатоци, со тенденција да трасира различни интерпретативни насоки на една значајна фаза од развојот на архитектонската мисла.

Градовите од балканскиот регион претставуваат значаен ресурс за истражување, преку нови визии, способни да ја препознаат улогата на оваа архитектонска продукција којашто претставува последна урбана утопија од XX век.

Иницијативата конструира Дигитален архив http://landscapeinprogress.unirc.it/, колекција на цртежи, фотографии, видеа и текстови изработени од поканети и селектирани учесници.

Материјалите ќе бидат изложени во Музејот на современа уметност во Скопје, под кураторство на Марина Торнатора, Отавио Амаро, Благоја Бајковски, Алесандро Де Лука, Лучија Ла Џуса.

99FILES е поддржано од Универзитетот Медитеранеа во Реџо Калабрија, Италјанската Амбасада во Скопје, Музејот на современа уметност во Скопје, Архитеконскиот факултет во Скопје, Општина Центар со медиумска поддршка од магазинот за архитектура АБИТАРЕ.