Изложби Тековни Следни Минати
EN

Јане Чаловски и Христина Иваноска: Епилог (форма на расправа)

11/11/ 2018 - 06/05/ 2019

Уметничката практика на меѓународно афирмираните македонски уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска, која започнува во 2000 година е комплексна и контекстуална. Се занимава со теми и концепти од архитектурата, историјата, уметничката теорија и политичката стварност, за да креира нови процесни продукции, сценарија на поставки и нови знаења. Своите дела ги реализираат во различни медиуми од цртеж и текст до објект, инсталација и видео.

 

Епилог (форма на расправа) е трета и последна од трилогијата изложби конципирана околу индивидуалните и заедничките практики на уметниците. Ќе бидат претставени инсталации, цртежи, објекти, видеа и фотографии од нивните понови проекти (2015 – 2018) вклучувајќи ја новата серија на дела 9 Принципи на отворена форма, реализирана како дел од истражувачкиот проект Отворено, формирано и неизградено: Музејот на модерна уметност на Оскар Хансен (2018). Изложбата ќе биде проследена со публикација.

 

Првата изложба Пролог (форма на прашање) се реализира во Апотека – простор за современа уметност во Водњан, Хрватска (27.09. – 20.10. 2017), додека втората со наслов Дијалог (форма на одговор) беше отворена во Музејот на современа уметност во Загреб (25. 11. 2017 – 25. 03. 2018). Куратор на серијата изложби е Бранка Бенчиќ, независна кураторка од Хрватска. Трилогијата изложби е продуцирана во соработка со Вања Жанко (Номад, Загреб) и Тихомир Миловац (Музеј на современата уметност, Загреб) и е реализирана со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Хрватска, Министерството за култура на Република Македонија, Град Загреб и Град Скопје.

 

Чаловски и Иваноска ја претставуваа Македонија на 56. Биенале во Венеција (2015). Самостојно излагале во Malmö Konstmuseum (2015), Mestna galerija Љубљана (MGML, 2016), PERA Museum, Истанбул (2016), Zak│Branicka, Берлин (2016), Музеј на современа уметност, Белград (2016), Guangdong Museum of Art, Кина (2017), Silesian Museum, Катовице (2017), Zhejiang Art Museum, Кина (2017) и други. Чаловски и Иваноска ги претставува галеријата Zak│Branicka од Берлин.

 

Јане Чаловски, Воведен чин (навлегување во Недисциплинираност: конструкција на можен архив", 2017 / Yane Calovski, Incipient Act (easing into "Undisciplined: Construction of a Possible Archive"), 2017

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Континуитети: француски уметници во збирките на МСУ Скопје

07/12/ 2023 - 22/02/ 2024

Пејзаж на вознемиреност: 11 критични жешки точки во Р.С. Македонија

04/10/ 2023 - 09/10/ 2023

БИСТА – Биенале на студентите по архитектура 2023

20/09/ 2023 - 28/09/ 2023

Ѓорѓе Јовановиќ: Горчлив шеќер

19/09/ 2023 – 16/02/ 2024