Сè што ни е заедничко

Музеј на современата уметност Скопје

21. декември, 2019 – 2. март, 2020

„Сè што ни е заедничко“ е колективно дело кое се појавува во време на состојба на несигурност во капитализмот и преку анализа на конкретни уметнички дела и практики, цели кон разоткривање на состојбите на прекаријатијатот во општествено-критички произведен дискурс и неговите манифестации.
Капитализмот преку неговите авторитарни политики создава свет во кој структурите на моќ непоколебливо се на страна на богатите, угнетувајќи ги животите на обесправените и маргинализираните. Неолибералната култура изобилува со иновации и новини со тенденција да произведува капитал, но културата никогаш не била толку деградирана.

Ако општата несигурност – која се одразува во трудот, образованието, популарната култура и индивидуалната и колективна психологија во современото општество – произведува конзерватизам во културата посебно, тогаш се поставуваат следните прашања: „Кои форми на делување и организирање можат да придонесат уметноста повторно да стане возбудлива и корисна во исто време? Дали таа треба да е додаток на политиката, во смисла дека политиката може да има корист од инкорпорирање на елементи специфични за уметноста, или треба да ја политизираме уметноста? Кои се насоките кои треба да се бараат за да се врати модерноста на социјални форми на акција и здружување и кои се начините на кои уметноста и културата ќе имаат удел во ова?“

Учесници: Даниел Гарсиа Андухар (Шпанија), Џулиета Аранда (Мексико), Tања Бругуера (Куба), Что Делат (Русија), Христина Иваноска (Северна Македонија), Сања Ивековиќ (Хрватска), Ѓорѓе Јовановиќ (Северна Македонија), Адриан Паци (Албанија), Нада Прља (Северна Македонија), Хито Штејерл (Германија), Антон Видокле (Русија и САД), Артур Жмијевски (Полска).

Куратори на изложбата: Мира Гаќина и Јованка Попова.

Дизајн: Неда Фирфова

Изложбата е финансиски поддржана од: Министерството за култура на Република Северна Македонија, Eurolink осигурување, Saint Gobain и Rigips, ЗСФ КОМ, Град Скопје, Park Hotel & Spa и Тиквеш. Посебна благодарност до Музеј на Македонската борба и Монозеро.