Предавање на Марк Басин: Политизација на пејзажот

Музеј на современата уметност, Скопје

07. октомври, 2019, почеток во 19,00

 

Предавањето „ПОЛИТИЗАЦИЈА НА ПЕЈЗАЖОТ“ се однесува на семантичките потенцијали на уметничкото прикажување на природата за време на Соц реализмот во Русија. Ова подразбира дека покрај темите на индустриската обнова и општетствената трансформција, природата претставува една од главните преокупации на уметниците, особено во периодот од 1930-тите до 1950-ти, кога „Сталинистичката политичка естетика“ тврди дека политичките и општествените вредности можат да се пренесат преку сликите на пејзажот.

Марк Басин е професор на на Универзитетот Содерторн во Стокхолм и визитинг професор на универзитетот Упсала, како и соработник на Шведскиот институт. Неговите истражувачки интереси се однесуваат на историјата на идеологијата, културата и политичката географија