Отворен ден за презентација и консултација за 14 Биенале на млади уметници во МСУ – Скопје

Во вторник на 28 јуни, во 20 часот ќе се одржи отворен ден за сите заинтересирани млади уметници, кои сакаат повеќе да се информираат за темата и начинот на селекција на уметници за претстојното 14то по ред Биенале на млади уметници, за кое неодамна беше објавен отворен повик.

Ќе биде одржана презентација на претходните биенални изложби и презентација на портфолија од уметниците наградени во последната едиција.

Потоа, заинтересираните уметници ќе имаат можност и да се консултираат со кураторите за подобрување на квалитетот на нивните презентации. 

Отворениот повик беше објавен на 16 јуни и ќе трае се до 20 јули оваа година.

Изборот на уметници ќе биде објавен на август, а предвидено е изложбата да се оддржи во периодот мај – јуни 2023та година.

Во прилог е линк до отворениот повик за 14 Биенале на млади уметници:

https://forms.gle/ckuPywL9Pr9vcjKU6