МСУ за интернационалниот Ден на музеите

По повод интернационалниот Ден на музеите, петок 18. мај, Музејот на Современата уметност – Скопје ќе биде отворен од 10:00 – 00:00ч. Влезот е слободен.

Воедно ги известуваме и им се извинуваме на сите љубители на уметноста дека утре, 19. мај на “Ноќта на музеите” поради технички подготовки за изложбата што следи, нема да бидеме во можност да ги отвориме своите галерии за посетители. Затоа ве покануваме денес (петок), да не пропуштите можноста да ја погледнете меѓународна изложба “Сè што ни е заедничко”, која се  затвора точно во 00:00ч.