Известување за Скопје, одново

Ги информираме посетителите на МСУ-Скопје дека долгорочната изложба “Скопје, одново” ќе биде затворена од 19 до 28 февруари 2020 година поради ротација на дела.

Промените во поставка на изложбата “Скопје, одново”, која ќе вклучи нови аспекти и автори од колекцијата на Музејот ќе се отвори на 28 февруари во 19 часот, со проекција на филмот “Сол Левит: Цртежи на зид”, на Едгар Хауард и Том Пајпер (САД, 2010, 54 мин).

Со замената на дела, уметничкото наследство се заштитува од надворешни влијанија за идните генерации. Исто така, овој вид интервенција овозможува самата инсталација да продолжи да се развива.