Видео запис: ОСЛОБОДУВАЊЕ-НА-ПРОСТОРОТ

Во завршница на проектот и изложбата Ослободување-на-просторот (12.03. – 31.05. 2019), Музејот на современата уметност организираше трибина на која учесниците и публиката се обидоа да ги актуелизираат и да ги промислат одговорите на сѐ уште притаената дилема: Како до слободен градски простор после Скопје2014?, дилема што е во суштината на проектот Freeingspace, односно Ослободување-на-просторот со кој Македонија се претстави на 16-то Архитектонско биенале во Венеција во 2018 година.

Учесници: Влатко Коробар, Мери Батакоја, Небојша Вилиќ, Никола Гелевски, Филип Јовановски, Дејан Ивановски, Марија Мано Велевска, Слободан Велевски и Зоран Петровски