Биеналето на млади уметници организирано од Музејот на современата уметност започнува како изложба со наслов „Млада генерација“ во 1967 год. Од тој период наваму, Музејот на современата уметност, Скопје (како дел од неговата дејност) ги презентира и афирмира младите уметници од Македонија, сѐ до1982 год. Во 1987 год., концептот на изложбата прераснува во „Биенале на младите“ и ја задржува истата форма сѐ до 1993 год. Во однос на процесот на селекција и присуството на различни уметнички стилови и медиуми, тоа поминува неколку фази. Во период од 1993 – 2001 год не се одржува, за да тогаш повторно се обнови со тематско истражување(а) на младите уметници од тоа време, како „Биенале на млади уметници“. Од 2011 год. некои Биеналиња вклучуваат и уметници од регионот, претставувајќи се според истиот себе-споредувачки процес, како и локалните уметници.


До оваа година, Биеналето на млади уметници има 11 изданија.

Ова се основите на кои концептот на „Биеналето на млади“ од 1987 год. е заснован:
– Цел на Музејот на современата уметност е презентирање на уметнички вредности на најмладата генерација;
– Подеднакво претставување на нивните уметнички дела пред уметничката сцена, стручните лица од фелата како и пред пошироката публика;
– Еден од најголемите напори на МСУ не е само презентирање, туку и посведочување на најновите пракси на современата уметничка сцена.
© MoCA / МСУ