Бела ноќ во МСУ со Метеори

Музеј на современата уметност Скопје, 

сабота, 06. октомври 2018, 20ч.

 

Во рамките на традиционалната Бела ноќ, Музејот на современата уметност го прикажува познатиот и наградуван филм Метеори на турскиот режисер Ѓурчан Келтек (Холандија/Турција, 2017, 84 мин.)

Тие доаѓаат ноќе.

Секој еден излегува од својот дом.

Палејќи факли и сеќавајќи се на оние кои ги поминале улиците пред нив.

Во следните неколку часови, градот е заклучен и замрачувањето започнува.

Во ноќта, метеори почнуваат да паѓаат.

Комбинирајќи документарен филм со политички коментар, поврзувајќи го земното со космичкото, “Метеори” е филм за сеќавањето и исчезнувањето – на луѓето, местата и нештата.